ACE

Leadership Development

for Women Change-Makers

Active Citizenship Excellerator (ACE) е високо искуствена и извонредна напредна програма за лидерство за жени кои предизвикуваат промени од непрофитни организации, јавни услуги и академски кругови.

Active Citizenship Excellerator (ACE) е платформа за градење лидерски капацитети на жените коишто се креаторки на промени, а доаѓаат од непрофитни и јавните услужни сектори од земјите членки на Европската Унија и од земјите кандидатки.

ACE е создаден со дарежлива поддршка на Еразмус+, програма на ЕУ за поддршка на образованието, обуката, младите и спортот во Европа, а е креиран од Leadership Associates и Institute for Integral Studies.

Понатаму се развива и во Северна Македонија, со приклучување на Inspirit Coaching.

ЗОШТО ЈА ДИЗАЈНИРАВМЕ

ЛИДЕРСКАТА ПРОГРАМА WILP?

Во реалниот живот, жената лидерка се наоѓа во машки свет. WILP се роди од оние моменти кога некој бил погласен од нас на работни состаноци и бил ислушан само затоа што е машко, а нашите идеи биле отфрлени или едноставно игнорирани. Кога се очекува ние како жени да бидеме записничарки, да послужиме кафе на професионални состаноци и да се смееме кога нашите машки колеги кажуваат сексистички шеги. Во оние моменти кога почувствувавме: Драга, па ова немаше да му се случи на маж.

И тогаш, еден ден ни дојде доста од пишување записници и послужување кафе на работни состаноци. И ни дојде доста да изгледаме збунето кога нашите машки колеги повторно се смееја на нивните сексистички шеги. И не е само тоа!

Едно е да се чувствуваш потценето, непочитувано, занемарено или едноставно земена здраво за готово. Но, сосема друга работа е да можеш да направиш нешто навистина паметно и ефективно за да го смениш тоа.

Преку децении на истражување, анализи, длабоко учење, работа за самооткривање и безброј сертификати и акредитации, го усовршивме нашето разбирање за оваа област. Развивме збир на стратегии и техники кои ни помогнаа да станеме подобри лидерки и подобри луѓе.

И сега сакаме да ги споделиме најмоќните алатки, стратегии и практики со други жени лидерки како тебе. Затоа ја создадовме програмата WILP. Тоа е кулминација на долгогодишното учење, раст и искуство, и тоа е нашиот начин да ѝ возвратиме на заедницата на жени кои заслужуваат подобро.

Ние веруваме дека секоја жена има потенцијал да биде моќна, добронамерна, ефективна лидерка и подготвени сме да те поддржиме да го отклучиш тој потенцијал.

запознајте ги вашите

обучувачки

Тренер на возрасни, коуч и бизнис консултант

НЛП тренер, коуч и бизнис консултант
Невро-коуч и експерт за развој на лидерство
Социократски фасилитатор

Дали си подготвена да ни се придружиш на ова патување кон твојот професионален и личен раст и успех?