Стани лидерка на промени
Програмата WILP овозможува сигурна и безбедна средина во која на жените лидерки им е обезбедена поддршка слободно да размислуваат за своето лидерско патување, како и да добијат практични алатки што им се потребни за да напредуваат во кариерата и животот без да ја загрозат својата добросостојба.
Програмата за лидерство за жени со влијание (WILP) е во вредност од
890 EUR
(вклучен ДДВ)
- Група од 12-15 одлични жени лидерки како тебе
- Бесплатен премиум пристап до интернационалната заедницата Women Lead Community
- Работни материјали, подароци итн…
- Можност за плаќање на 6 рати
Доколку си заинтересирана, пиши на wilp@inspirit.mk, а ние ќе те информираме најдоцна до понеделник, 17. ноември доколку се ослободи место во групата.
Истражи го својот личен лидерски контекст
Забележи како носиш одлуки и правиш избори, што ти го одвлекува вниманието, каде се ограничуваш себеси и како се лимитираш од целосно и конгруентно живеење.
Прошири го своето влијание
Зголеми ја својата самодоверба
Зголеми ја самосвеста и самодовербата. Научи да играш за да победиш, да ги надминеш предизвиците или да отскокнеш на нова позиција со самоувереност и сталоженост.
Стани мастер на адаптивното лидерство
Искористи ги придобивките на Women Lead Community
Вашите соучеснички ќе станат доверлив ресурс, ќе го охрабрат вашето лидерско патување и ќе ве збогатат на многу корисни начини за време на програмата и надвор од неа.
ОТКРИЈ ГО СВОЈОТ УНИКАТЕН ЛИДЕРСКИ ПЕЧАТ
Во последно време се чувствуваш заглавена во своето опкружување. Чувствуваш дека си сама во сè што правиш. Немаш кому да се обратиш за водство или помош.
Премногу дејствија ти се случуваат одеднаш. Се чувствуваш преоптоварено. Немаш простор или енергија да се грижиш за себе.
Се прашуваш: Дали ќе изгорам? Дали мојот глас ќе се слушне?
ОТКРИЈ ГО СВОЈОТ УНИКАТЕН ЛИДЕРСКИ ПЕЧАТ
Како да го зголемиш своето
влијание?
Програмата за лидерство за жени со влијание (WILP) е напредна програма за зајакнување на лидерските капацитети. Програмата е наменета за жени коишто имаат мисија да креираат промени во општеството и кои доаѓаат од непрофитните и јавните услужни сектори, како и од академската заедница во Северна Македонија.
Стани моќен агент на промени со оваа програма за развој на лидерство. Научи врвни современи алатки и стратегии што ти се потребни за влијание и добросостојба.
Самосвест и саморефлексија
Добиј вредни сознанија за тоа која си ти. Зголеми го своето влијание.
Отелотворение на лидерство
Ти си повеќе од твојот мозок. Научи како да го користиш свесно твоето тело.
Техники за длабока релаксација
Наполни ги батериите со докажани техники за релаксација.
Лична продуктивност
Научи едноставни, но исклучително ефикасни техники што ја зголемуваат твојата ефикасност и продуктивност до максимум.
Енергија и внимание
Управувај со својата енергија и внимание за оптимални перформанси.
Невро-техники
Искористи ја моќта на невронауката за да ги надминеш твоите ограничувачки верувања и некорисни навики.
Алатки за справување со сложени ситуации
Со леснотија, интегритет и мајсторство навигирај во сложени ситуации.
Господарка на тешките разговори
Научи моќни комуникациски вештини што влијаат на секој аспект од твоето лидерство и твојот живот.
Најди го своето сигурно прибежиште
Поврзи се со разнолика група на лидерки, пронајди ја својата заедница. Повторно наполни се со енергија и радост.
ПОДГОТВИ СЕ ЗА ПРОМЕНИ НА ЖЕНСКИ НАЧИН
Ако си подготвена да ги решиш твоите предизвици како професионалка, како жена којашто се снаоѓа во машки свет, тогаш придружи ни се и зајакни ги своите капацитети и ресурси, преку искуствени пристапи за учење од врвен квалитет.
што по
WILP?
Ќе имаш поголема самодоверба
Ќе имаш поголема самодоверба и алатки за маестрално да се справуваш со сложени ситуации.
Ќе станеш моќна комуникаторка
Ќе комуницираш посигурно и со поголемо влијание.
Ќе ја добиеш слободата што ја посакуваш
Ќе имаш сѐ што ти е потребно да ја оставиш зад себе постојаната зафатеност и да им се посветиш и на саканите.
Ќе ги усогласиш своите дела со твојата мисија
Ќе бидеш целосно усогласена со својата мисија, и постојано ќе добиваш комплименти за позитивната промена што ја поттикнуваш и инспирираш околу себе.
Ќе станеш дел од WLC
Ќе бидеш дел од Women Lead Community (WLC) – мрежа на други влијателни жени и ментори на кои можеш да им се обратиш за поддршка, совети и насоки, како и пристап до ексклузивни можности за учење, развој, менторство и обука.
Ќе бидеш подготвена за сѐ!
Ние веруваме дека секоја жена има потенцијал да биде добронамерна, моќна, ефективна лидерка и подготвени сме да те поддржиме да го отклучиш тој потенцијал.
Подготвена си да ни се придружиш на ова патување кон твојот професионален и личен раст и успех?
искуства од
учеснички
★★★★★
„Ова искуство е нешто на што ќе се осврнам и навратам за повеќе размислување. Ми создаде многу плодни мисли за мојот иден развој, како и за некои процеси кои би сакала да ги започнам и понатаму да ги надградам за мојот професионален и личен развој. Дефинитивно би им ја препорачала програмата на жените лидери кои се заинтересирани да создадат повеќе можности за да го подобрат својот развој“.
ДИЛЈАНА
Учесник во програмата за лидерство на ACE 2023 година, одржана во Германија
★★★★★
„Навистина уживав во разновидноста на оваа група, многу жени кои доаѓаат од различни сектори, со различни искуства и различни возрасти, но она што го забележав е дека споделуваме многу заеднички предизвици.
Програмата беше инспиративна и знаењето ќе го понесам со себе во мојата секојдневна работа“.
МАТИЛДА
Учесник во програмата за лидерство на ACE 2023 година, одржана во Германија
★★★★★
„Клучните лекции од програмата за лидерство ACE за мене беа повеќекратни: можноста да бидам во средина каде што имав можност да се повлечам од секојдневната рутина и да размислам за прашањата што веќе некое време ми создаваат чувство на нелагодност; нови алатки и знаења кои се важни за лидерство и вмрежувањето со други жени со слично искуство и предизвици“.
ГРАЦИЕЛА
Учесник во програмата за лидерство на ACE 2023 година, одржана во Германија
како до
WILP?
Научи врвни современи алатки и стратегии што ти се потребни за влијание и добросостојба. Најди го своето место во заедницата на жени лидерки којашто дава поддршка.
Повеќе за условите прочитај во делот Дали WILP е за мене?
Програмата за лидерство за жени со влијание (WILP) е во вредност од
890 EUR
(вклучен ДДВ)
- Група од 12-15 одлични жени лидерки како тебе
- Бесплатен премиум пристап до интернационалната заедницата Women Lead Community
- Работни материјали, подароци итн…
- Можност за плаќање на 6 рати
Доколку си заинтересирана, пиши на wilp@inspirit.mk, а ние ќе те информираме најдоцна до понеделник, 17. ноември доколку се ослободи место во групата.
запознајте ги вашите
обучувачки
Тренер на возрасни, коуч и бизнис консултант
најчести
прашања
Како да аплицирам за WILP програмата?
.
Едноставно пополни ја апликацијата!
- Апликацијата е отворена за групата која ќе започне на почетокот на ноември 2025 година.
- Одговори на сите прашања детално, бидејќи тоа ќе ни помогне да ја структуираме програмата според потребите на учесничките.
- За резултатот од процесот на селекција ќе бидеш известена најдоцна до крајот на октомври 2025 година.
- Доколку си избрана, потпишуваме договор и уплаќаш.
- Го задржуваме правото да направиме промени во временскиот распоред. Во овој случај, пријавените учеснички навремено ќе бидат известени.
Дали WILP е за мене?
Програмата WILP е идеална за тебе доколку бараш напредна програма за лидерство – програма каде што можеш да ги изразиш уникатните предизвици со кои можеби се соочуваш како жена којашто сака да го прошири своето лидерско влијание.
Предуслови за учество:
- Се идентификуваш како женa
- Во моментов работиш во непрофитен сектор, јавна услужна институција, научна дејност или си активна во твојата заедница
- Имаш најмалку 7 години вкупно професионално искуство
- Имаш најмалку 3 години менаџерско искуство со одговорност за персонал
- Имаш основно познавање на англиски јазик
- Посветена си на личен развој и сакаш да учествуваш во сите сесии на програмата
Учесничките на програмата ќе бидат внимателно избрани за да може групата да има корист од размена на идеи, предизвици и решенија. Разновидна група жени лидерки и креаторки на промени во општеството.
Што ќе добијам со учество во програмата?
- Алатки со лидерски техники и стратегии за фокус, јаснотија, влијание и добросостојба
- Персонализиран фидбек и коучинг за твоите лидерски предизвици
WILP работна тетратка полна со лидерски концепти, техники и стратегии - Твоја лична стратегија и акционен план и сознанија за тоа како да го продолжиш своето лидерско патување
- Работилници во живо (30 часа) и онлајн (18 часа) со интернационални обучувачки и инспиративна група соучеснички – жени лидерки, кои се соочуваат со слични предизвици
- Сертификат за завршена обука
- Тековна поддршка, вклучувајќи сесии за вежбање, тренинг и менторство во Women Lead Community
Дали ќе добијам сертификат по завршувањето на обуката?
Да – апсолутно, доколку ги поминеш сите модули на обуката. Во ред е да се пропуштат два онлајн модули, но, да бидат изработени домашните задачи и прегледани видео материјалите од пропуштената содржина.
Колку чини WILP програмата?
Дали си подготвена да инвестираш во себе како што прават професионалците и да ги подигнеш твоите лидерски вештини на следното ниво?
Вредноста на програмата е 890 евра.
Групата ќе биде составена од 12-15 одлични жени лидерки како тебе.
Дополнително, ќе ти биде доделен бесплатен премиум пристап до интернационалната заедницата Women Lead Community каде што ќе можеш да се поврзеш со инспиративни жени од целиот свет.
Цената на оваа програма е релативно ниска во споредба со други програми со слично ниво и опсег.


